Линкови за пристапност

Бензинот не се предава


Како се одразува неговата цена врз продажбата на хибридните и електрични возила?

Џенерал моторс го претстави хибридниот модел на електрично напојување Шеви волт во 2012-та. Денес цената на бензинот е значително намалена од тоа време, и тоа одвраќа дел од интересот на купувачите за хибридни и електрични возила.

Аналитичарот Брус Белзовски смета дека се работи за очекувана флуктуацијата во продажбата: „Како што производителите повеќе ќе работат на развивање на подобри акумулатори, тоа ќе доведе до поголемо прифаќање на електричните и хибридните автомобили“.

Во Европа, пак, бензинот и натаму е скап, а продажбата на електрични автомобили бележи пораст, споредено со лани. Во првиот квартал на 2015-та, продажбата на автомобили на електричен погон во Европската унија забележа пораст од 58% од истиот период лани, и со тоа го надмина пазарот во САД.

Па сепак, економистот Ник Лорис од Фондацијата Херитиџ мисли дека е потребно доусовршување на електричните возила, за да можат целосно да се наметнат на купувачите. „Важна е цената, сигурноста и комфортот“, вели тој.

Но, и инфраструктурата, затоа што, барем засега, нема доволно станици за напојување на возилата на електрична енергија.

XS
SM
MD
LG