Линкови за пристапност

Ништо ново по лидерската средба во Македонија

  • Борјан Јовановски

Ниту еден од учесниците не откри детали, а договорен нов состанок на почетокот на идната недела

Нема ништо ново по денешната, втора по ред средба на водачите на четирите најголеми полтички партии во Македонија за политичката криза во земјата. И денешната средба ја набљудуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Ниту еден од учесниците не откри детали за исходот од состанокот. Договорено е нова средба да има на почетокот на идната недела.

Водачот на СДСМ по средбата кусо изјави дека не сака да говори за детали. Зоран Заев рече дека ако има потреба, ЕУ ќе ги објави истите. Тој во оваа прилика ги повтори ставоите на СДСМ: „Нашите ставови се јасни и остануваме на нив. Тоа се: оставка на премиерот Груевски, формирање преодна влада, како и оставки на јавниот обвинител и раководството на МРТВ. Обврска на сите страни е да не дозволат одолжување на процесот, бидејќи политичката криза лошо влијае врз граѓаните, стопанството и економијата“.

Премиерот Никола Груевски не даде изјава. Во партијата ВМРО-ДПМНЕ, како што рече портпаролот Илија Димовски, се подготвени да разговараат за сите отворени прашања доколку опозицијата не настапува со максималистички барања.

Заев по денешната рунда раговори најави дека утре најверојатно ќе продолжи со објавување на “бомбите”, но овој пат објавувањето ќе се случи во кампот пред Владата а не во седиштето на СДСМ.

„Ние само им дадовме шанса на протестните активности преку кои испраќаме сериозни пораки до домашната и до меѓународната јавност. Претпоставувам утре ќе продолжуваме со објавувањето на бомбите“, рече првиот човек на СДСМ.

XS
SM
MD
LG