Линкови за пристапност

Шиитските паравојски се подготвуваат за офанзива на Рамади


Операцијата би била слична како онаа за преземање на Тикрит од Исламската држава, минатиот месец.

Шиитските паравојници во вторник се концентрирале во предградието на ирачкиот град Рамади пред можна офанзива за преземање на главниот град на провинцијата Анбар од милитантите на Исламската држава.

Операција изведена заедно со ирачките владини сили би била слична на онаа од минатиот месец за повторно дпреземање на контролата врз Тикрит. Тој напор го прекина напредувањето на Исламската држава кон главниот град Багдад од север, и сега фокусот е на спречување на напредувањето на запад од градот.

Ирачкиот министер за одбрана објави видео во вторник што покажува спасување на 28 војници откако групата Исламска држава го зазеде Рамади по неколку дена на борби што ги натера во бегство ирачките трупи и по што премиерот Хаидер ал-Абади побара помош од паравојската.

Белата куќа во понеделникот кажа дека претседателот Барак Обама прима редовни брифинзи за ситуацијата. Портпаролот Ерик Шулц исто така повтори дека САД го поддржуваат Ирак во борбата за повторно преземање на градот. Тој кажа дека осум воздушни напади од коалицијата целеле на градот од неделата - како дел од 32-та воздушни напади за последните три недели.

XS
SM
MD
LG