Линкови за пристапност

„Кралот на блузот“ имаше 70-годишна кариера и помогна да се популаризира жанрот.

Легендарниот американски гитарист Б.Б. Кинг, кој се смета за еден од највлијателните блуз музичари на сите времиња, почина на 89 години.

„Кралот на блузот“ починал спокојно, во сон, во четвртокот навечер, во неговиот дом во западниот американски град Лас Вегас, кажа неговиот адвокат.

За време на неговата близу 70-годишна кариера, Кинг помогнал да се популаризира жанрот на блузот и влијаел на голем број други рок и блуз музичари со неговиот длабок глас и препознатливиот стил со кој свирел на неговата електрична гитара.

Кинг бил роден во 1925 на плантажа со памук во јужната американска држава Мисисипи. Кариерата во музичката индустрија ја започнал како диск-џокеј и изведувач на радио станица во Мемфис, Тенеси, каде станал познат како Блуз момчето од Бил Стрит што подоцна било скратено на „Б.Б.“

Кинг, кој и` дал прекар „Лусил“ на неговата гитара, беше почестен во Халата на славните рок-ен-рол музичари и во Xалата на славните на Блуз фондацијата. Меѓу неговите хит песни се The Thrill is Gone, Let the Good Times Roll и How Blue Can You Get.

XS
SM
MD
LG