Линкови за пристапност

Лидерска средба: Четири часа преговoри без конкретен резултат

  • Борјан Јовановски

Средбата ќе продолжи во понеделник, а во меѓувреме се подготвуваат митинзи.

По четиричасовни разговори во Клубот на пратениците лидерите на четирите најголеми полтички партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на кои присуствуваа и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав истапија со соопштение во кое дадоа заедничка поддршка на демократските вредности.

„Во една тешка недела за државата, се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест, и на осуда на насилството без разлика дали во криминални или политички цели. Ние исто така се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатлантската агенда за доброто на граѓаните“, се вели во соопштението.

По средбата Зоран Заев изјави дека било разговарано за рамката за дијалогот и дека во овој момент не е оптимист за постигнување решение. Тој нагласи дека опозицијата не се враќа во Собранието се `додека премиерот не поднесе оставка, а за претстојниот протест порача дека ќе биде мирен.

Груевски, од своја страна по средбата кажа дека не може да прејудицира дали разговорите ќе донесат решение, а на прашањето дали ќе даде оставка, тој изјави дека народот одлучува кој ќе биде премиер, а кој опозиција.

Новата средба на лидерите на политичките партии со посредсто на САД и ЕУ е закажана за понеделик. Во меѓувреме двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за митинзи закажани за недела и понеделник.

XS
SM
MD
LG