Линкови за пристапност

Обама домаќин на самит со фокус на Иран


Во четврток самитот со арапските партнери од Заливот се пресели од Белата куќа во претседателското одмаралиште Кемп Дејвид.

Американскиот претседател Барак Обама и високи претставници од шест држави од Заливот го продолжуваат нивниот самит во четврток по прашања во врска Блискиот Исток, вклучувајќи и потенцијале нуклеарен договор со Иран и борбите во Ирак, Сирија, Јемен и Либија.

Разговорите со членовите на Советот за соработка во Заливот започна со работна вечера во средата навечер во Белата куќа, пред да се префрли во четврток во претседателското одмаралиште Кемп Дејвид на околу 100 км северно од Вашингтон.

Обама кажа дека средбата дошла во „време со многу предизвици“ за заливскиот регион.

Неговиот заменик советник за национална безбедност, Бен Роудс, за Алхура во среда кажа дека целите на самитот се да ги истражи армиските способности и начините на кои заливските држави би работеле заедно и со САД.

„Не бараме обврзувачки договор како што е договорот со НАТО-државите, што е нешто кое произлезе од тешки и долги преговори, туку јасна определба од САД дека ќе дојдат во одбрана на партнерите ако се соочени со надворешна закана“, кажа Роудс.

Државите од Заливот изразија загриженост за тековните преговори со Иран во врска со нивната нуклеарна програма и сакаат да ја подобрат безбедносната релација со САД.

Портпаролот на Белата куќа Џон Ернест во среда кажа дека САД ги вреднуваат безбедносните врски со Советот за соработка во Заливот.

XS
SM
MD
LG