Линкови за пристапност

Претставничкиот дом изгласа прекин на програмата за собирање телефонски податоци


Важењето на програмата треба да истече на 1-ви јуни, и сега мерката оди во Сенатот.

Легислативата која ќе го прекине масивното собирање на телефонски информации од обичните Американци од страна на американската Агенцијата за национална безбедност беше одобрена со големо мнозинство од Претставничкиот дом.

Легислативата, позната како Акт на слободата на САД, мина во средата со 338 спрема 88 гласови. Наместо голема количина на телефонски податоци, вклучувајќи и ден, време и должина на телефонски разговори, предлог законот ќе бара Агенцијата да собира податоци од приватни телефонски компании откако ќе добие судски налог од таен суд за национална безбедност.

Програмата беше критикувана од поборниците за граѓански слободи откако поранешниот договорен работник Едвард Сноуден го откри тоа на новинарите во 2013. Претставничкиот дом прими силна поддршка од либералните демократи и конзервативните републиканци, како и од претседателот Барак обама.

Мерката сега оди во Сенатот каде има силна опозиција од лидерот на мнозинството Мич Меконел, кој спонзорирал мерка што ќе ја обнови сегашната програма. Сепак, голема двопартиска група исто така бара крај на програмата на Агенцијата за национална безбедност што може да го натера Меконел да ја изнесе реформската мерка на гласање.

Најголемиот дел од програмата за собирање на телефонски податоци беше авторизиран по Патриотскиот акт на САД, што беше усвоен во деновите по терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001. Федерален суд во Њујорк минатата недела одлучи дека најголем дел од програмата на Агенцијата за национална безбедност била незаконска, но одби да ја земе агенцијата на одговорност.

Делот од Партиотскиот акт што ја авторизира програмата треба истече од важност на 1 јуни.

XS
SM
MD
LG