Линкови за пристапност

Демонстрации ширум Македонија

  • Синиша Станковиќ

Продолжува изразувањето револт и барањето оставки од премиерот, шефот на тајната служба и министерката за внатрешни работи поради полциската бруталност.

Неколку илјади демонстранти веќе четврти ден мирно протестираат на улиците Скопје, барајќи оставки на премиерот Никола Груевски, неговиот братучед, челникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Тие и попладнево, повторно беа спречени од бројните полициски сили кои во широк периметар го обезбедуваа објектот на македонската Влада. Но, наместо како досега, оттаму да тргнат кон центарот на македонската престолнина, пред Собранието, или како вчера кон Јавното обвинителство, демоннстрантите ја променија маршрутата, што предизвика хаос на скопските улици. Поставените полициски блокади се преместуваа во од, а специјалците беа префрлувани со нивните возила од локација на локација.

Откако поради полицискиот кордон не успеаја ни да се приближат до улицата пред Владата, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи, но патем застанале пред „кампот“ од шатори во кои веќе втора недела пред Министерството за наука и образование штрајкуваат учениците од Средношколскиот пленум кои ја бојкотираат наставата. Со скандирања „Заедно сме посилни“, дел од средношколците се вклучи во протестната поворка кон МВР. Откако полицијата и во меѓувреме пристигнатите специјалци не им дозволиле да се приближат, со слоганите: „Оставки, оставки“ и „Никола, оди си“, „Нема правда, нема мир“, ,„Убијци“, граѓаните тргнале кон зградата во која живее премиерот Греувски, извикувајќи: „Излези диктаторче!“

Оттаму по речиси двочасовен марш по скопските улици стигнаа пред Собранието каде ги чекаше друга група граѓани. Таму демонстрантите седејжи на асфалтот или стоејжи на улицата во во паркот, мирно протестираа против полициската бруталност и бараа оставки од владата. Додека ова го јавуваме протестот се упте трае.

Протестите од Скопје денес се проширија и низ целата држава. Освен Битола и Прилеп, денес протестираа и граѓаните на Штип, Струмица, Куманово, Охрид, Кавадарци, Свети Николе...

XS
SM
MD
LG