Линкови за пристапност

Кери имал „конструктивен“ разговор со Хади


При посетата на Саудиска Арабија американскиот државен секретар се сретнал со претседателот на Јемен.

Американскиот државен секретар Џон Кери имал, како што кажа, конструктивни разговори со јеменскиот претседател Абду Рабу Мансур Хади, при посетата на Саудиска Арабија за разговори по предложената хуманитарна пауза во воздушните напади предводени од Саудијците во Јемен.

Хади пребега во Саудиска Арабија кон крајот на март кога борците на Хутите напредуваа од главниот град Сана кон јужниот брег во офанзива што ги натера саудиските воени авиони да ги бомбардираат бунтовниците. Но хуманитарните групи се жалат заради тешкотиите во доставувањето на храна и други потребни намирници за цивилите во Јемен.

Кери кажа дека секоја пауза во воздушната кампања мора да биде изведена на начин што не дозволува никој да се обиде да дојде до повеќе територија или да ги напаѓа напади оние кои привремено го оставиле оружјето.

Денеска тој се сретна со новиот саудиски министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир и подоцна во денот со Кралот Салман.

XS
SM
MD
LG