Линкови за пристапност

Куба симната од листата на спонзори на тероризам


Конгресот има 45 дена да ја поништи одлуката на претседателот, што најверојатно би било пречекано со вето.

Куба ја поздрави одлуката на американскиот претседател Барак Обама да ја симне симне оваа карипска нација од листата на држави- спонзори на тероризмот.

Џозефина Видал, виш дипломат за американски прашања во министерството за надворешни работи, издаде соопштение во кое ја поздрави „фер одлуката на Обама да ја симне Куба од листата на која земјата никогаш не ни требало да се најде“.

Обама го информираше Конгресот за неговата одлука откако Стејт департментот ја преразгледа Куба и објави дека „земјата не обезбедила било каква поддршка за меѓународниот тероризам во последните шест месеци и ги уверила САД дека нема намера за такво нешто и во иднина.

Конгресот има 45 дена да ја поништи одлуката на претседателот преку усвојување на заедничка резолуција. Таков потег секако би бил пречекан со вето од страна на Обама.

XS
SM
MD
LG