Линкови за пристапност

Клинтон ја започна кампањата во Ајова


Таа влегува во трката како јасен фаворит за демократската номинација

Седум години по неуспешната кампања за демократската претседателска номинација, Хилари Клинтон се врати во сојузната држава од средниот запад, Ајова, само два дена откако формално ја најави кампањата за Белата куќа.

Клинтон ќе се сретне со студенти и професори во мал колеџ во градот Монтичело како дел од дводневната посета на оваа сојузна држава, во која традиционално се одржува првото партиско гласање за номинација во изборната година.

Таа влегува во трката како јасен фаворит за демократската номинација.

XS
SM
MD
LG