Линкови за пристапност

Обама: „Договорот е добар“


Шесте светски сили постигнаа согласнот по „клучните параметри“ за нуклеарниот договор со Техеран

По осумдневни разговори во Лозана, Швајцарија, Иран и шесте светски сили се согласија по „клучните параметри“ за прелиминарен договор што ја инволвира техеранската нуклеарна програма.

Шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини во четврток кажа дека оваа „круцијална“ одлука ќе постави основа за постигнување конечен договор до рокот поставен за 30-ти јуни. Могерини кажа дека договорот ја ограничува иранската нуклеарна активност така што локацијата Натанц ќе биде единствениот објект за збогатување на ураниум во државата. Таа кажа дека договорот исто така бара Европската унија и САД да „прекинат“ секакви економски санкции поставени спрема Иран откако ќе се направи верификација.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф и претседателот Хасан Рухани преку Твитер кажаа дека „клучните параметри “ на договорот се постигнати.

Во Вашингтон, претседателот Барак Обама истакна дека доколку се постигне целосна имплементација на договорот, ќе дојде до блокада на „секаква можност“ што Иран би ја искористил за да развие нуклеарно оружје. Тој додаде дека Иран ќе се соочи со повеќе инспекции споредено со која било друга земја во светот, подвлекувајќи дека доколку Иранците „мамат, тогаш за тоа ќе дознае целиот свет“. Лидерот на САД истакна и дека Иранците ќе имаат олеснување од американските и санкциите на Советот за безбедност на ОН, што, како што кажа, имаат огромно влијание врз економијата во земјата.

XS
SM
MD
LG