Линкови за пристапност

Лидерот на СДСМ објави 14-та „бомба“


Опозицијата снимките ги најави како „Чесноста на премиерот Груевски“.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денска ја објави 14-тата „бомба“ чија тема, како што рече тој, е „чесноста на премиерот Груевски“.

„Денеска сите ќе бидеме сведоци“, рече Заев, „како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчувствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите“.

Во објавените снимки наводно меѓу Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески СДСМ тврди дека „се открива еден од најголемите корупциски и финансиски скандали какви што не познава земјава, па и пошироко“.

Снимките беа презенирани и како доказ за штетен договор со кинеска компанија за изградба на два автопати, кој е потпишан без тендер, туку со одлука.

„Откако се договориле за проценти за провизија, работата ја префрлиле во Собранието“, изјави Заев.

На денешната прес конференција Заев одговори на новинарско прашање за очекувањата од најавениот дијалог меѓу власта и опозицијата во ЕП во Брисел.

„Не би сакал однапред да коментирам за дијалогот, којшто според најавите, ќе започне со ВМРО-ДПМНЕ во понеделник во Брисел, бидејќи сакаме да дадеме шанса тој да функционира“, рече Заев, додавајќи дека e „невозможна мисија да се воспостави дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија без посредништво на меѓународниот фактор“.

XS
SM
MD
LG