Линкови за пристапност

Анализа: Стратегијата на Исламската држава е со странски борци во првите редови


Според некои аналитичари ставањето на лица од надвор на фронталните линии е долгорочна стратегија на групата за исполнување на мотото „одржување и експанзија“

На турската граница со Сирија, членот на турскиот парламент Мехмед Али Едибоглу вели дека е во контакт со семејствата на 11 лекари и студенти по медицина кои тајно влегле на територија во Сирија што ја држат милитанти на Исламската држава. Тој вели дека семејствата, од Велика Британија, САД, Судан и Канада се` уште се надеваат дека нивните деца отпатувале во Сирија да третираат цивили, а не терористи.

Но некои аналитичари велат дека Исламската држава може да регрутира лекари кои зборуваат англиски како дел од планот за натамошна изградба на своите сили од странски борци, кои веќе бројат десетици илјади.

Самех Сеиф Елјазал раководи со Центарот Ал Гомхурија за политички и безбедносни студии во Египет. Тој вели дека ова е “можеби нова насока што треба добро да се следи, сега кога дојдоа до одреден вид на едуцирани луѓе“.

Најголем дел од странските регрути се „со испран мозок“, вели тој, понекогаш играјќи на религиозната карта со незнаење и понекогаш со желба за авантура и за крв, и мотивирани од привлечни кампањи за регрутирање.

Тие што се пријавуваат, и подоцна се покајуваат, не можат да се премислат , вели тој и речиси 2.000 регрути од Азија, од арапскиот свет и од Европа, се убиени. Ако сакате да заминете, тој вели дека тие одговараат „Ова е билет во една насока. Ако одите назад, ќе ве убиеме“. И убиле, вели тој, пред очи на други, како поука за оние кои мислат на враќање дома, освен кога се пратени во мисија.

Тие „мисии“ се најстрашни, создаваат безбедносни кризи, вели тој, со перспектива на борците од Исламската држава да се враќаат во домашните држави за изведување на терористички напади.

Даниел Вагнер, кој раководи со безбедносна фирма Кантри Риск Солушнс со седиште во САД, вели дека стратегијата е речиси невозможно да биде спречена од властите.

„Што ако овие поединци ги променат пасошите? Што ако го променат идентитетот? Тогаш се отвара стариот проблем дека безбедносните служби треба да бидат во право 100 проценти, додека оние кои сакаат да направат неред треба да се право само еднаш“.

Оваа опасност може да се ублажи со извештаите дека многу странски борци живеат краток живот на првите борбени линии или како самоубиствени бомбаши.

Други аналитичари додаваат дека оваа закана не е се` уште материјализирана и дека медиумите може да ја преувеличуваат целата работа.

Зијад Аки е виш истражувач во Центарот Ахрам за политички и стратегиски студии. Според него „има некој вид на параноја што ја опкружува целата работа. Многу се работи на база на имиџ и перцепирање, а не директно на тоа како всушност тие тоа го прават“.

Многу покорисно од стравување би било да се погледне во условите што и` дозволуваат на Исламската држава да дојде нови регрути, додава тој. Растечката невработеност, големиот јаз меѓу богатите и сиромашните и други неправди кои се почва за „фанатички радикализам“, вели тој. Освен тоа, вели, покорисно од предвидување е собирање информации за тоа како сега се бори Исламската држава, отколку како ќе се бори во иднина.

Според Аки сите стратгии на Исламската држава е да расте во моќ и во територија. Но како групата оперира, додава тој, варира од држава во држава.

XS
SM
MD
LG