Линкови за пристапност

Израел наводно ги шпионирал иранските нуклеарни разговори


Израел негирал директно шпионирање на САД, и вели дека информациите ги добил преку мониторинг на иранските лидери.

Додека САД и група од пет други светски сили преговарале со Иран, американскиот сојузник Израел ги шпионирал да дознае детали од тајните разговори и работел зад сцената да оневозможи секаков договор, според извештај на Вол Стрит Џурнал од доцна во понеделникот.

Весникот и високи претставници на Белата куќа дознале минатата година дека Израел користел прислушкување, информации од доверливи американски брифинзи, информанти и европски дипломатски контакти да дознае детали од овие разговори. Извештајот вели дека Израел негирал директно шпионирање на САД, и вели дека информациите ги добил преку мониторинг на иранските лидери кои добивале брифинзи за средбите.

Дипломатите и експертите од Иран и групата во која се САД, Британија, Кина, Франција, Русија и Германија работат кон договор што ќе обезбеди Иран да не дојде до нуклеарно оружје во замена за ослободување од тешки економски санкции. Двете страни се согласиле да ги држат деталите од дискусиите во тајност со цел да спречат надворешни влијанија на исходот.

И покрај ветувањето за тајност, израелски официјални лица повеќе пати даваа изјави дека потенцијалниот договор нема да оди доволно далеку за да обезбеди Иран да биде оставен во неможност да изгради нуклеарно оружје.

Високи американски официјални лица, вклучувајќи го претседателот Барак Обама и државниот секретар на САД Џон Кери предупредуваа против надворешно мешање, изразувајќи потреба преговарачкиот процес да биде ослободен од претпоставен резултат.

XS
SM
MD
LG