Линкови за пристапност

Обама поттикнува напредок по договорот со Иран


Американскиот претседател во новогодишна порака до Иранците порача дека сега е време на избор што ќе го подобри животот на иранските семејства.

Американскиот претседател Барак Обама испрати новогодишна порака до Иранците, велејќи им дека оваа година претставува „најдобра можност во децении“ да се работи на поинаков однос меѓу нивните две држави.

Забелешките на Обама до Иранците во време кога го слават празникот доаѓаат со приближувањето на рокот од 31-ви март за постигнување на рамковен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за кревање на меѓународните санкции против Техеран.

На видео снимка Обама кажа дека иранските лидери треба да изберат меѓу она што го нарече „разумен“ нуклеарен договор, за кој тој рече дека ќе ја прекине меѓународната изолација на Иран, и ќе обезбеди „поголеми можности за иранскиот народ“, а доколку договор не е постигнат, Иран ќе продолжи „на патот на кој е сега – пат што ќе го изолира Иран и иранскиот народ, што предизвика многу тешкотии за иранските семејства, и и на многу млади Иранци им оневозможи вработување и можности кои ги заслужуваат.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф во петок преку Твитер кажа дека „Иранците веќе направиле избор: Ангажирање со дигнитет. Време е САД и нивните сојузници да изберат: притисок или договор“.

XS
SM
MD
LG