Линкови за пристапност

Првата дама на САД, Мишел Обама, пристигна во Јапонија за тридневна посета со цел да ја промовира нејзината глобална образовна иницијатива за жените.

Обама пристигна доцна во средата во главниот град, Токио. Во четврток таа ќе има одвоени средби со премиерот Шинзо Абе и неговата сопруга, Акие. Таа исто така планира да се сретне со царот и царицата на Јапонија пред да се упати во туристичкиот центар Кјото, во петок.

Првата дама не можела да оди со претседателот кога тој ја посети Јапонија минатата година. На оваа посета се гледа како на поправање на нејзиното отсуство во таа прилика.

Во соопштение од Белата куќа се вели дека Мишел Обама ќе објави партнерство меѓу САД и Јапонија по иницијативата Да им дозволиме на девојчињата да учат чија цел е да се помогне на едуцирањето на 62 милиони девојчиња глобално, кои не одат на училиште.

Во петок, таа ќе се упати кон Камбоџа, што е една од 11-те држави првично вклучени во иницијативата. Ова е прв пат актуелна прва дама да ја посети оваа југоисточна азиска држава.

Во Камбоџа, Обама ќе се сретна со Бун Рани, првата дама на Камбоџа. Таа ќе се сретне и со американски волонтери на програмата на Мировниот корпус, што ќе игра клучна улога во помагање да се прошири пристапот кон училиште за девојчињата.

Во напис неделава во Вол стрит џурнал, Обама кажа дека 62 милиони девојчиња кои не се на училиште претставуваат „трагичен губиток на човечки потенцијал“.

XS
SM
MD
LG