Линкови за пристапност

Нетанјаху бара четврти мандат од Израелците


I
I

Премиерот Бенџамин Нетанјаху вели дека нема да поддржи палестинска држава доколку остане на функцијата.

Израелците во вторник гласаат на избори во кои премиерот Бенџамин Нетанјаху сака да добие четврти мандат како премиер.

Последното истражување на јавно мислење пред изборите на 120-члениот парламент покажа дека конзервативната партија на Нетанјаху, Ликуд, заостанува за неколку места зад централно-левичарската алијанса предводена од ционистичкиот синдикален лидер Исак Херцог.

Со очекување ниеден кандидат да добие 61 место за парламентарно мнозинство, имаше жестока кампања од кандидатите да придобијат поддршка од помали групи кои се рангираат од комунистички партии со арапско лидерство, до православно-еврејски блокови.

Нетанјаху ги закажа изборите пред три месеци кога ги отпушти неговите високи коалициони партии. Аналитичарите велат дека овие избори станале референдум за лидерството на премиерот.

Пред гласањето, Нетанјаху го преиначи неговиот претходно заземен став за палестинската државност, велејќи во понеделникот дека тој никогаш нема да поддржи палестинска држава ако остане на функцијата.

XS
SM
MD
LG