Линкови за пристапност

Летачки автомобил – до 2017-та


АероМобил го претстави моделот на саем во Остин, Тексас, и кажа дека ќе чини Неколку стотици илјади долари.

Производителите на прототипот на летачки автомобил го претставија најновиот модел на саем на технологијата во Остин, Тексас, ветувајќи дека моделот ќе биде достапен да се купи до 2017.

Словачката компанија АероМобил неделава го изнесе автомобилот на изложба на Југот од Југозападната интерактивна конференција. Двоседот работи на стандарден бензин и може да оперира на пат и во воздух, полетувајќи од тревна или асфалтирана писта долга 300 метри или помалку.

Производителите на автомобилот, кој зафаќа простор на стандарно место за паркирање или сообраќајна лента, велат дека тој може да лета со максимална брзина од околу 200 километри на час и да вози со брзина до 160 километри на час.

АероМобил вели дека возилото е дизајнирано да ја зголеми ефикасноста на таканаречени патувања од средна должина, од околу 650 километри, каде патувањето до и од аеродром во голема мерка го продолжува времето на релативно кус лет.

Компанијата вели дека сегашниот модел, познат како Flying Roadster, ќе се продава по цена од неколку стотици илјади долари. Ако продажбата добро оди АероМобил планира да развие само-летачки модел.

XS
SM
MD
LG