Линкови за пристапност

Претставничка на администрацијата вели дека одлуката на Нетанјаху за говор пред Конгресот во ова време, е деструктивна.

Советничката за национална безбедност на американскиот претседател остро ја критикуваше одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да зборува пред Конгресот за разговорите што ги водат САД со Иран во врска со иранската нуклеарна програма.

Нетанјаху ја прифати поканата од спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер да се обрати на заедничка седница на Конгресот на 3-ти март, две недели пред парламентарните избори во Израел. Во интервју од вторникот со американскиот телевизиски новинар Чарли Роуз, Сузан Рајс кажа дека одлуката „внела доза на политичка поделба“ на билатералните врски меѓу САД и Израел.

Рајс кажа дека одлуката на Нетанјаху „не само што е лоша, туку е и деструктивна за меѓусебниот однос“.

Белата куќа е лута што Бејнер го поканил израелскиот лидер без да ги информира претставниците на администрацијата на Обама. Обама од тогаш соопшти дека нема да се сретне со Нетанјаху за време на неговата посета, со цел да избегне толкување дека се обидува да влијае на израелските избори.

XS
SM
MD
LG