Линкови за пристапност

Уапсено официјално лице од Стејт департментот


Директорот Даниел Розен е обвинет дека се обидел да стапи во сексуални односи со малолетно лице.

Директорот на програмите на Стејт департментот за контратероризам е обвинет дека се обидел да стапи во сексуални односи со малолетно лице. Полицијата во општината Феарфакс, сојузната држава Вирџинија соопшти дека вчера го уапсила 44-годишниот Даниел Розен по серија разговори на Интернет со детектив назначен од полицискиот оддел против детската експлоатација. На профилот на Розен на Линкдин стои дека тој бил надлежен за контратерористички програми вредни 300 милиони долари годишно. Стејт департментот ја укинал неговата безбедносна дозвола и го отстранил од работа додека трае истрагата.

XS
SM
MD
LG