Линкови за пристапност

Германија и Франција велат дека Грција треба да остане во еврозоната


Лидерите на двете држави зборуваа на заедничка прес-конференција

Европските лидери во петок кажаа дека Грција треба да остане во 19-члената еврозона, додека министрите за финансии на групата се обидуваат да дојдат до компромис по програмата за помош на државата.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Париз по разговорите со францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека ставот на нејзината држава „од почетокот на грчката програма“ бил дека Грција останува членка на еврозоната, додавајќи дека Берлин „ќе стори се` да продолжи на тој пат“.

Претседателот Оланд гo повтори ставот на Франција дека Грција треба да остане во еврозоната. „Грција е во Еврозоната. Грција треба да остане во еврозоната“ , кажа Оланд.

Министрите за финансии се среќаваат во Брисел за разговор по предлогот на Атина за продолжување на европската програма за заем.

Ако не се постигне договор до 28-ми февруари, Грција се соочува со банкротство и евентуално напуштање од унијата на единствена валута.

Такво сценарио е непосакувано од ниедна страна, зашто би креирало огромна неизвесност за државата и за регионот.

XS
SM
MD
LG