Линкови за пристапност

Поднесена е кривична пријава против министерот Тодоров за случајот на Тамара

  • Борјан Јовановски

Министерот за здравство вели дека направил се` што било во негова моќ

Хелсиншкиот комитет поднесе тужба против министерот за здравство Никола Тодоров и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева, за несовесно работење во случајот на малата Тамара од Велес, која почина поради негрижата на институциите.

Револотот кој го предизвика овој трагичен настан резултираше со граѓански протест во Велес од каде што потекнува Тамара. Денеска таков протест се случи и во Скопје по иницијатива на граѓанското движење „Ајде”.

Помасовен протест за овој случај се очекува во вторник во Скопје. Протестот е организран преку социјалните мрежи и учество на него веќе најавиле 1800 граѓани. Денеска во емисијата „Процес“ на НОВА за првпат по трагичната смрт на Тамата се огласи и нејзината мајка.

„Сите се виновни за смртта на Тамара и очекувам да си дадат колективна оставка. Упатувам апел до сите родители, баби и дедовци да излезат на марш, за да кажеме стоп на бавниот здравствен систем. Исправете ја грешката и овозможете и` лекување на Теона, сестрата на Тамара на која и е потребна операција на срце, а има само осум години“, вели мајката на Тамара, Жаклина Димовска, во емисијата „Процес“.

Семејството Димовски ќе бидат на чело на колоната на мирниот марш предвиден за вторник на 24-тифевруари, со кој се бара оставка од министерот Тодоров и на сите инволвирани во случајот.
Министерот за здравство Никола Тодоров рекол дека чувствува големо разочарување и жали за смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Изразил сочувство до семејството и изјавил дека за овој случај направил се` што било во негова моќ, според извори на Сител.

„Пред неколку месеци кога дознав за болеста на Тамара, ја викнав директорката на ФЗОМ и ја замолив да се реши позитивно предметот. Тоа и се случи. Потоа го замолив и турскиот експерт во спиналниот центар да го прегледаат уште еднаш девојчето. Добив одоговор од него дека случајот е многу тежок и не може да биде оперирана во посочениот центар во Турција. Потребно беше да се соберат експерти од повеќе центри, изјави министерот за здравство Никола Тодоров, ден по смртта на Тамара.

Засега ниту една институција не презеде одговорност.

XS
SM
MD
LG