Линкови за пристапност

Хјуман Рајтс Воч: Владите на Западниот Балкан треба да ја подобрат заштитата на човековите права


Меѓу најголемите проблеми во регионот извештајот ја истакнува лошата клима за слобода на медиумите и нападите и заплашувањата на ЛГБТ заедниците.

Меѓународната организација Хјуман Рајтс Воч вели дека светските влади прават сериозна грешка кога ги жртвуваат човековите права за сметка на зацврстување на безбедносните мерки.

Во својот годишен извештај за глобалните човекови права објавен во четврток, групата вели дека Нигерија, Ирак, Сирија, Израел и САД се меѓу нациите кои ја користат загриженоста за безбедноста како оправдување на кршење на човековите права.

Според директорот Кенет Рот, засилувањето на безбедноста може да биде „контрапродуктивно“ преку еродирање на довербата и зголемување на тензиите меѓу групите. „Некои влади прават грешка гледајќи ги човековите права како луксуз пригоден за полесни времиња, наместо како есенцијален компас за политичка акција“, кажа тој.

Во делот за Балканот, извештајот вели дека владите во Западен Балкан треба да ги засилат нивните напори за подобрување на заштитата на човековите права во интерес на нивната интеграција во Европа. Групата документира загриженост за човековите права во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Хрватска. Како најголеми проблеми во регионот од доменот на човековите права се наведени лошата клима за слобода на медиумите, упорна дискриминација против Ромите, ограничен напредок во гонење на воените кривични дела во национални судови и напаѓање и заплашување на ЛГБТ заедниците.

Извештајот ги обвини Ирак и Сирија за „секташка и насилна“ политика што поттикнала пораст на екстремизмот на Исламската држава. Документот вели дека сириската употреба на насилство врз цивилите и изолацијата на заедниците на сунитските муслимани во Ирак на Исламската држава и` дала можност да регрутира поддршка од тие групи.

Групата кажа дека американскиот претседател Барак Обама одбил да ги истражи или гони одговорните за наводната тортура од ЦИА, што беше детализирано во неодамнешна истрага на американскиот Сенат. „Таквата обдукција на неговата законска должност прави да е поверојатно идни претседатели да ја третираат тортурата како политичка опција наместо како криминал."

Извештајот вели дека одговарање на безбедносните предизвици бара не само ставање под контрола на опасните елементи, туку и „повторна изградба на моралното ткиво што го држи социјалниот и политички поредок“.

XS
SM
MD
LG