Линкови за пристапност

Обама му оддаде почит на починатиот саудиски крал


Предводејќи голема делегација, американскиот претседател во Ријад ќе се сретне и со новиот Крал Салман.

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Ријад во вторник, предводејќи 30-члена делегација за да оддаде почит по смртта на саудискиот Крал Абдула.

Групата вклучува сегашни официјални лица и законодавци, како и високи претставници на претходни претседателски администрации, кажа Белата куќа.

Заменик-советникот за национална безбедност Бен Роудс на новинарите кои патуваат со Обама им кажа дека делегацијата исто така ќе се сретне со новиот Крал Салман бин Абдулазис.

„Сигурен сум дека додека сме таму, тие ќе допрат некои од водечките прашања по кои тесно соработуваме со Саудиска Арабија“, кажа Роудс.

Тој ја наведе кампањата предводена од САД која цели на милитанти на Исламската држава во Сирија, како и ситуацијата во Јемен, каде американските воздушни напади со години целат на борци од ал-Арабија на Арапскиот Полуостров.

Американскиот државен секретар Џон Кери, директорот на ЦИА, Џон Бренан, и раководителот на американската Централна команда, генералот Лојд Остин, се меѓу членовите на делегацијата. Поранешните државни секретари Џејмс Бејкер и Кондолиза Рајс исто така ќе му се приклучат на претседателот, заедно со поранешните советници за национална безбедност Брент Сноукрофт, Сенди Бергер и Стивен Хадли.

Белата куќа кажа дека Обама ќе биде во Саудиска Арабија околу четири часа по тридневната посета на Индија.

XS
SM
MD
LG