Линкови за пристапност

„Стандард и Пур“ го намали кредитниот рејтинг на Русија


Ова може негативно да се одрази на инвестирањето во земјата и да ги зголеми трошоците за позајмување

Кредитниот рејтинг на Русија во понеделник беше намален под стапката за инвестирање, за прв пат во деценија.

Влијателната финансиска фирма „Стандард и Пур“ го намали за еден степен суверениот кредитен рејтинг на Москва од БББ минус на ББ плус, и кажа дека има негативна перспектива за руската економија. „СиП“ кажа дека руските финансиски проблеми најверојатно ќе се влошат.

Намалувањето на кредитниот рејтинг доведе до моментално петпроцентно намалување на вредноста на рубљата, на под 68 за долар.

Ова намалување може да наштети на имиџот на Русија кај инвеститорите и исто така да ги зголеми трошоците на државата за позајмување бидејќи клучните инвестиции и пензиски фондови често имаат правила против инвестирање во хартии од вредност на која било корпорација или држава која не е класифицирана на ниво за инвестирање.

XS
SM
MD
LG