Линкови за пристапност

Големо снежно невреме во североисточниот дел на САД


Се очекува големо количество снег, урагански ветрови и поплави во крајбрежјето

Близу 30 милиони луѓе во североисточниот дел на САД се подготвуваат за големо зимско невреме што може да остави и до 90 сантиметри снег и да го закочи сообраќајот.

Националната метеоролошка служба вели дека невремето, познато како „нористер“, ќе донесе голем снег, ветрови со ураганска јачина и широко распространети крајбрежни поплави до вторник.

Повеќе од 3.500 летови се откажани.

Официјални лица соопштија дека на меѓународниот аеродром Логан, во Бостон, услугите ќе бидат прекинати доцна во понеделник, а работата се очекува да продолжи подоцна во неделата.

Невремето ќе зафати област од Њу Џерси до канадската граница, вклучувајќи ги градовите Њујорк и Бостон каде се очекува околу еден метар снег.

Низ целиот регион, полиците во продавниците се испразнети додека луѓето се подготвуваат за невреме што може да ги задржи дома со денови.

Официјални лица во Њујорк и Њу Џерси објавија вонредна состојба и ги поттикнаа жителите да не бидат на патиштата заради нивна безбедност.

„Ова е сериозна бура и така треба да се сфати“, рече гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо. „Може да биде прашање на живот и смрт и ова не е премногу драматично“, рече тој.

Тој додаде дека градскиот и регионалниот железнички сообраќај ќе биде лимитиран.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио речче дека ова невреме може да биде најлошо со кое градот бил соочен, полошо секое на листата што оди дури до 1872.

Во меѓувреме во државите на Нова Англија, Масачусетс и Конетикат, официјални лица предупредуваат дека стотици илјади луѓе може да останат без струја, можно и со денови.

XS
SM
MD
LG