Линкови за пристапност

Научниците ја успорија брзината на светлината


Експериментот сугерира дека она што се сметаше за една од најважните константи во физиката, сега треба да се смета само за лимит.

Двесте- 99 милиони, 792-илјади и 458 метри во секунда е брзината со која патува на светлината. Обично.

Тим од физичари на Универзитетот на Глазгов успеа да стави сопирачки на фотон – атом на светлина – со негово испраќање преку специјална маска што му го променила обликот. Додека светлината природно успорува низ материјал како стакло или вода, таа повторно забрзува до брзина на светлината кога се враќа во слободен простор на вакуум. Во трка со фотон што не бил манипулиран, тој загубил, стигнувајќи до детекторот неколку микрометри подоцна по поминат метар.

Наоѓањето нема да влијае на нашите светилки или лампи за читање. Но може да има импликации за научниците кои ја користат брзината на светлината за правење прецизни мерења на астрономски растојанија. Експериментот сугерира дека брзината на светлината - што се смета за една од најважните константи во физиката - сега треба да се смета за лимит, а не константа.

XS
SM
MD
LG