Линкови за пристапност

Јемен по оставката на претседателот


Ситуацијата неизвесна додека парламентот да одлучи дали да ја прифати оставката.

Политичката иднина на Јемен останува неизвесна и во петок, со парламентот кој наводно планира да реши во недела дали да ја прифати оставката на претседателот Абд Рабух Мансур Хади.

Претседателот Хади, премиерот Калед Бахах и неговиот Кабинет дадоа оставка во четврток, неколку дена откако Хути милитантите опколија клучни владини позиции во главниот град, барајќи промени во нацрт- уставот.

Ројтерс, цитирајќи изјава постирана на Фејсбук од премиерот, вели дека рекол оти владата не сака да биде инволвирана во „неконструктивен политички лавиринт“.

Мали анти-Хути протести во петок биле одржани во Сана , но извештаите од градот велат дека ситуацијата инаку била смирена.

Зборувајќи од Сана во четвртокот, пратеникот на ОН Џамал Беномар кажа дека политичката криза би можела единствено да биде решена ако ривалските групи ги почитуваат претходните договори кои бараат поделба на власта и крај на насилството.

XS
SM
MD
LG