Линкови за пристапност

Коалицијата предводена од САД расправа за стратегијата спрема Исламската држава


Министрите за последен пат се сретнаа во декември кога се договорија за план во пет точки.

Американскиот државен секретар Џон Кери и британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд се домаќини во четврток, во Лондон, на средба на која ќе се расправа за прогресот и стратегијата на меѓународната коалиција која работи за поразување на групата Исламска држава.

Претставник на американскиот Стејт департмент кажа дека околу 20 членки на коалицијата ќе учествуваат на разговорите, вклучувајќи го и францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус, и ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади.

Министрите за последен пат се сретнаа во декември кога се договорија за план во пет точки, што инволвира градење на ирачките сили, запирање на протекот на странски борци, прекинување на финансирањето на милитантите, спротивставување на нивната идеологија и постапување по хуманитарните потреби.

Официјалното лице кажа дека воздушните напади предводени од САД го запреле моментумот на милитантите, убивајќи илјадници борци и потиснувајќи ги во позиција да се бранат.

XS
SM
MD
LG