Линкови за пристапност

Еден процент луѓе со 50 проценти од светското богатство


Новиот извештај на Оксфам, непрофитна организација за развој, го објави во Давос, на Светскиот економски форум.

Најбогатите еден процент луѓе во светот ќе поседуваат половина од богатството во светот до 2016-та. Ова го вели невладината организација за развој Оксфам, во извештај објавен во понеделник, на годишниот Светски економски форум, во Давос, Швајцарија.

Во 2014-та, најбогатите поседуваа 48 проценти, споредено со 44 проценти во 2009-та. Се очекува во 2016-та овие малкумина да имаат повеќе од 50 проценти од светското богатство.

Оксфам предупреди од „експлозија на нееднаквост“. Според оваа организација која се бори против глобалната сиромаштија, еден на девет луѓе во светот нема доволно храна, и повеќе од една милијарда луѓе се` уште живеат со 1,25 долари на ден.

XS
SM
MD
LG