Линкови за пристапност

Републиканците официјално ја презедоа контролата во Конгресот


Мич Меконел, лидер на сенатското мнозинство
Мич Меконел, лидер на сенатското мнозинство

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот кажа дека прва работа е одобрениe за нафтоводот „Кистоун“.

Новиот Конгрес денеска започнува со работа, со републиканците во контрола на Претставничкиот дом и на Сенатот, со решеност кај конзервативците да преиначат некои политички одлуки на Претседателот Обама.

Опозиционата партија започнува нова двегодишна легислативна сесија со најсилни цифри во неколку години, како резултат на победничките избори минатиот ноември. Републиканците држат 246 места од вкупно 435 во Претставничкиот дом, што е најголемо мнозинство за последните 70 години, и комотни 55 места во 100-члениот Сенат.

Новиот лидер на сенатското мнозинство, Мич Меконел, зборувајќи за телевизијата ЦНН во неделата кажа дека првата голема работа со која ќе се зафатат ќе биде давање зелено светло за нафтоводот „Кистоун“.

XS
SM
MD
LG