Линкови за пристапност

Стампедо во Шангај уби 36 лица


Метежот се случил откако некој фрлил лажни пари од прозорец, што многумина сакале да ги соберат без да знаат дека се фалсификат.

Стампедо за време на прославата за Нова Година во Шангај уби 36 лица и повреди многу други.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа вели дека 40 повредени лица се` уште се во болница доцна во четвртокот. Таа вели дека 13 лица се третирани за сериозни повреди.

Според агенцијата најголем дел од повредените биле на возраст од дваесетина години, од кои најголем дел биле жени.

Букети цвеќиња биле поставени на плоштадот каде се случила несреќата.

Сведоци велат дека стампедото започнало кога луѓето се втурнале да соберат лажни пари кои биле фрлени од прозорец на трет кат.

Парите се покажало дека се лажни.

Инцидентот се случил само неколку минути пред полноќ, по локално време, на популарна област покрај вода, Бунд, во централен Шангај.

XS
SM
MD
LG