Линкови за пристапност

Естрогенот и алергијата


Истражувачите веруваат дека нашле врска меѓу вид естроген и силните алергиски реакции.

Вид на естроген, наречен естрадиол, може да биде објаснување за тоа зошто жените страдаат од посилни алергиски реакции отколку мажите.

Истражувачите на Националните институти за алергија и заразни болести на САД нашле кај глувците дека естрадиолот го засилува ензимот што е инволвиран во алергиски реакции опасни по живот.

Анафилакса, силна алергиска реакција, може да биде предизвикана од некој вид храна, лекови и убоди од инсекти. Анафилакса се случува кога имунитетни клетки ослободуваат протеини што може да предизвика натекување на ткивото. Симптомите вклучуваат црвенило, проблеми со дишењето, шок и срцев удар.

Естрогенот влијае на крвните садови и истражувачите нашле дека хормонот стимулира посилна и подолготрајна анафилакса кај женките отколку кај мажјаците глувци. Студијата е објавена во Журналот за алергологија и клиничка имунологија.

XS
SM
MD
LG