Линкови за пристапност

Еболата и лилјаците


Нова студија тврди дека лилјаци се виновни за епидемијата на ебола во Западна Африка, но не видот поврзан со претходни епидемии

Научници веруваат дека вид на лилјаци се изворот на вирусот што ја предизвика епидемијата на ебола во Западна Африка, но нова студија посочува на различен вид лилјаци од таканаречените обошни лилјаци кои беа имплицирани во претходни појавувања на болеста.

Вирусот на ебола се пренесува од овошните лилјаци преку јадење на нивното месо. Но првиот случај на зараза со вирусот било двегодишно дете. Научници од Институот Роберт Кох во Берлин велат дека доколку инфекцијата дошла од храна, тогаш возрасните би биле прво инфицирани или во исто време. Затоа продолжиле да истражуваат.

Во мисијата во селото каде живеело детето во Гвинеја, експертите откриле голема колонија на вид на опашести лилјаци кои се хранеле со инсекти и кои живееле на дрво во близина на домот на детето. Децата честопати си играле со овие животни и се верува дека на овој начин биле изложени на вирусот. Наоѓањата се објавени во списанието Молекуларна медицина.

XS
SM
MD
LG