Линкови за пристапност

Во свечената миса за Божиќ, папата зборуваше и за тековните конфликти и кризи во светот.

Папата Францис ја одржа својата втора годишна божиќна миса пред илјадници луѓе собрани на плоштадот Свети Петар, каде го осуди она што го нарече „брутален прогон на малцинства од групата Исламска држава“, која зазеде големи делови на Сирија и Ирак порано годинава.

Божиќ е еден од насјветите денови за Христијаните, кои во четврток го слават раѓањето на Исус.

Папата зборуваше за многу од големите тековни конфликти и кризи во светот поттикнувајќи мир на места како Украина, Нигерија и Централноафриканската Република и го осуди минатонеделниот напад на Талибан против ученици во Пакистан.

Папата исто така понуди благослов за жртвите на ебола, особено за луѓето од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, како и за оние кои се грижат за нив.

Во градот Витлеем, на Западниот брег, Христијаните се собраа во Црквата на христовото раѓање за служби на местото каде се верува дека Исус Христос се родил.

XS
SM
MD
LG