Линкови за пристапност

Македонија: Скандал, „бомба“ или евтина продукција?


Những thành viên của Trung đoàn 3 Bộ binh Lục quân Hoa Kỳ, được gọi là Vệ binh Cũ, chuẩn bị cắm cờ trên mỗi bia mộ của những người lính tử trận tại Nghĩa trang Quốc gia Arlington ở thành phố Arlington, bang Virginia, Mỹ, trước Ngày Chiến sĩ Trận vong.
Những thành viên của Trung đoàn 3 Bộ binh Lục quân Hoa Kỳ, được gọi là Vệ binh Cũ, chuẩn bị cắm cờ trên mỗi bia mộ của những người lính tử trận tại Nghĩa trang Quốc gia Arlington ở thành phố Arlington, bang Virginia, Mỹ, trước Ngày Chiến sĩ Trận vong.

Напис во неделникот „Фокус“ за фалсификувани пасоши предизвика реакции од владејачката партија.

Неделникот „Фокус“ денеска објави информација пропратена со 14 фогографии и видео материјал во кој се гледа дека во приватен стан или куќа, рачно се изработувале пасоши кои можеле да бидат употребени за изборни цели. Овие фото и видео материјали, како што тврди „Фокус“, биле доставени до нивната редакција од анонимен граѓанин.

Објавата на овие матерјали предизвика голем интерес во јавноста, а се појавија и шпеклуации во медиумите дека станува збор за елементи кои се дел од, како што најавија опозициските социјалдемократи, „бомбата“ која ќе ја урне актуелната власт.

„Снимките кои ги објави „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка и додека МВР не добие пријава од медиумот нема да има официјален став од наша страна“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски. Според него нема никаква пријава од „Фокус“ до МВР.

„Она што можам да кажам е дека Република Македонија има еден од најсофистицираните системи за издавање лични документи“, кажа Котевски.

Попртпаролот на МВР предупреди дека доколку „Фокус“ има материјал и сознанија, а не ги пријавил, тогаш се смета за директен соучесник во тоа.

Од своја страна во весникот велат дека пред да бидат објавени, редакцијата материјалите ги доставила и до јавното обвинителство и од таму добиле потврда дека е примена пријавата.

„Според новиот Закон за кривична постапка, случајот треба да го пријавиме во Јавно обвинителство, зашто тоа е институцијата главна за водење истрага, а сега (Котевски) вели дека треба да се пријави во МВР. Мислам дека самиот Котевски е контрадикторен“, вели Љубиша Арсиќ, новинар од „Фокус“.

Од јавното обинителство засега молчат околу овој случај.

Со реакција се огласи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од која велат дека „информацијата објавена во „Фокус“ предизвикала смеење во партијата“.

„Освен тоа што како кај сите оние што ја погледнале, и кај нас предзвика чувство на хумор. Во врска со снимката која беше лиферувана од страна на еден медиум во обид да се претстави некаква наводна афера, би сакале да споменеме дека на сликата покрај тоа што се гледаат корици, кои наликуваат на корици од пасош, кои може да се најдат на било која тезга како новогодишни честитки, се гледаат и прст и табан од нечија боса нога, а се слуша и еден неартикулиран извик со идеолошка конотација, за кој претпоставуваме дека треба и нас и јавноста да не` убедат дека наводно некое лице, кое наводно печати некакви наводни пасоши, е антикомунист или симпатизер на десницата, па така ја одработува контра левицата. Да не е смешно, ќе е трагично. Креаторот на оваа неинвентивна снимка имал или лош ден или пак неговиот капацитет е ограничен“, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG