Линкови за пристапност

Зимско невреме може да го отежне патувањето на Американците


Денот на благодарноста е време кога во САД најмногу се патува, но оваа година тоа е време кога се очекува и снежна бура

Денот кога Американците најмногу патуваат, средата пред Денот на благодарноста, оваа година за многумина ќе биде тежок.

Големо зимско невреме, наречено „североисточно“, според метеоролозите ќе го погоди источното крајбрежје од Мејн до Северна Каролина, и тоа точно на денот кога Американците се упатуваат на патиштата, железницата и на аеродромите за празникот да го минат со роднини и пријатели.

Прогнозата вели дека крајбрежните региони можат да очекуваат обилен дожд и силен ветер, додека некои области на запад може да добијат и до 40 сантиметри снег.

Големите градови, како Бостон, Њујорк и Филаделфија ќе бидат погодени од невремето.

На патниците им се сугерираше да тргнат порано за да ги избегнат огромните редици и одложени летови на аеродромите.

XS
SM
MD
LG