Линкови за пристапност

Втора ноќ на немири во Фергусон


Солидарни демонстрации се одржаа низ целата земја како израз на протест по одлуката на голема порота.

Во Фергусон, американски град на средниот запад виде втора ноќ на немири и солидарни демонстрации се одржаа низ целата земја како израз на протест по одлуката на голема порота да не се покрене обвинение против белиот полицаец кој уби невооружен црн тинејџер.

Повеќе од 2.000 војници на Националната гарда беа распоредени во Фергусон, Мисури, да одржуваат ред во немири со расен набој, кои избувнаа доцна во понеделникот откако беше соопштено дека нема да биде обвинет полицаецот Дарен Вилсон.

Напнат момент се случи доцна во во вторникот, кога група протестанти искршиле прозорци на полициски автомобил што потоа го запалиле пред Градското собрание на Фергусон.

Полицијата објави дека собирот е незаконски и предупреди дека оние кои одбиваат да заминат ќе бидат уапсени. Областа била чиста по половина час.

Полицијата на Сент Луис потврди дека 44 лица биле уапсени преку ноќта, како додаток на 61 лице уапсено претходната ноќ.

Убиството на 18-годишниот Мајкл Браун ги потпали тензиите и ја извади на површина загриженоста за полициско насилство и расна дискриминација во главно црнечко предградие на Сент Луис и низ целата држава.

XS
SM
MD
LG