Линкови за пристапност

Во Прилеп е одбележан крајот на Првата светска војна

  • Борјан Јовановски

На Балканот е можно помирување; Втората светска војна и таквите страдања не смеат да се повторат - изјави амбасадорката на Франција

На воените гробишта во Прилеп денска беше одбележан 11-ти номеври 1918 година, кога е ставен крај на првата севетска војна.

„Во овие гробишта, каде почиваат германски, бугарски и руски војници, се свртуваме кон младите генерации. Во еден несигурен свет, дали ќе можат еден ден да им ги пренесат на идните генерации вредностите вткаени во француско-германското помирување, пораката на мирот и пријателството меѓу народите, за да опстои споменот на бескорисното жртвување на голем број млади луѓе“, рече пред присутните амбасадорката на Франција Лоранс Оер.

Амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер рече дека помирувањето меѓу Франција и Германија треба да биде пример за Балканот.

„Може и мора нешто да се научи од тоа пријателство. Само така може Европа да живее во мир. Тоа е можно и на Балканот. Помирувањето на Балканот зависи од државите, а Европската Унија, Франција и Германија може да помогнат“, порача Алтхаузер.

Француската амбасадорка Лоранс Оер потврди дека за помирувањето на Балканот пресудна улога и задача имаат државите.

„На Балканот е можно да се постигне помирување. Јас од Франција и мојата колешка од Германија и нашите фамилии пателе во Втората светска војна и таквите страдања не смеат да се повторат“, рече таа.

Според градоначалникот Ристески, војните и големите жртви што се положени се опомена и потсетување никогаш повеќе да не се случат.

„Ова значи дека во иднина треба да се почитуваме, да се помириме и да живееме во мир, мислејќи на нашиот напредок“, изјави Ристески.

Амбасадорот на руската Федерација Олег Николаевич Шчербак во комплексот „Германски гробишта“ го откри споменикот на загинатите руски војници.

На свеченото одбележување присуствуваа претставници од дипломатскиот кор во земјава, потпретседателите на македонското собрание Антонио Милошоски и Раиф Алити, министерот за одбрана Зоран Јолевски и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

XS
SM
MD
LG