Линкови за пристапност

Магазинот Форбс го прогласи Путин за најмоќен на светот


Во конкуренција биле Барак Обама, Жи Џинпинг, Папата Францис и Ангела Меркел

Втора година по ред рускиот претседател Владимир Путин е прогласен за најмоќен светски лидери, во избор на американскот списание Форбс. Зад него, во првата петорка се американскиот претседател Барак Обама, и потоа кинескиот претседател Жи Џинпинг, Папата Францис е четврти, а на петтото место е германската канцеларка Ангела Меркел.

Изборот доаѓа во година во која Русија го присвои Крим, но токму начинот на кој се постави Путин во процесот на анексија е еден од клучните аргументи на Форбс за неговиот избор.

Магазинот вели дека „како неоспорен, непредвидлив и авторитарен шеф на енергетски богата и нуклеарно силна држава, кого никој никогаш не ќе може да го нарече слаб“.

На листата на 100 најмоќни луѓе 26 се Американци, шестмина се Кинези, а дури 39 се претседатели на бордови на моќни компании.

XS
SM
MD
LG