Линкови за пристапност

Македонија: Пукано на зградата на Влaдата

  • Борјан Јовановски

Два куршуми се забиле во покривот и во фасадата на објектот. Повредени нема.

Според информациите од МВР, вчера околу 22 часот, кај нив било пријавено дека во близина на Владата се слушнале две детонации.

"Проектилите што беа испукани во источниот дел на зградата на Владата на Република Македонија се со поголем калибар и се однесени на вештачење", рече Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност при МВР.

Службите за обезбедување во Владата излегле надвор да видат што се случува, а потоа заедно со припадници на полицијата го пребарале теренот. По неколку часа на фасадата и на покривот на зградата се пронајдени два проектила.

„Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Инцидентот се случил во вечерните часови кога вообичаено се одржува владина седница. Од кабинетот на премиерот Никола Груевски демантираа дека во времето на нападот во зградата биле присутни и министри.

„Седниците обично ги држиме во вторник, но овонеделната беше презакажана за в среда, бидејќи претседателот на Владата беше на службен пат во Белгија каде што присуствуваше на комеморативните настани за одбележувањето на почетокот на Првата светска војна“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Нема подетални инфомации за овој настан.

Сличен инцидент се случил и во 2007-ма година. Тогаш портпаролот на владата оцени дека зад нападот стојат политички мотиви. Сторилите на тој инцидет не се отркиени.

XS
SM
MD
LG