Линкови за пристапност

Хакерски напад на Белата куќа?


Официјални лица велат дека соодветно постапиле по забележаната активност, но не дадоа поединости

Официјални лица од Белата куќа јавија дека технички лица забележале сомнителни активности на компјутерските системи во Белата куќа. Тие велат дека по ситуацијата е соодветно постапено и дека работата продолжила иако новите мерки предизвикале привремено немање на интернет врска за некои од вработените.

Не се дадени детали за тоа кој може да е одговорен или каде се случила активноста.

Канцеларијата на претседателот на САД добива секојдневно предупредувања кои се однесуваат на можни кибернетски закани.

Компјутерските системи на Белата куќа се голема мета на хакерите.

XS
SM
MD
LG