Линкови за пристапност

Олеснување на политиката за карантин во некои држави во САД


Obama Ebola

Obama Ebola

Гувернерот на сојузната држава Њујорк ја ревидираше политиката за карантин на здравствените работници кои се враќаат во САД по третирање на пациенти со ебола во Западна Африка.

Гувернерот Ендру Куомо во неделата соопшти дека на медицинскиот персонал кој не покажува знаци на потенцијално смртоносниот вирус ќе му биде дозволено да остане дома за период од 21 ден, и ќе биде проверуван два пати дневно од други здравствени работници за тоа време.

Ревизијата на Куомо дојде само два дена откако тој и гувернерот Крис Кристи од соседната држава Њу Џерси заеднички соопштија дека задолжителниот карантин од 21 ден за медицинскиот персонал кој се вратил од работа во Западна Африка. Политиката беше соопштена еден ден откако лекар кој третирал пациенти во Гвинеја станал првото лице во Њујорк дијагностицирано со ебола.

Администрацијата на Обама и медицинските стручњаци го критикуваа карантинот како претерана предострожност. Д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, за ЦНН кажа дека најдобар начин да се заштитат Американците од еболата е болеста да се победи во Западна Африка. Тој кажа дека на здравствените работници кои одат таму треба да им се помогне, наместо да се преземаат мерки што може да ги обесхрабрат од помагање.

Претседателот Барак Обама во неделата се сретна со неговите советници за јавно здравје и национална безбедност за дискусија, како што вели Белата куќа, по „соодветни мерки“ за задржување на ширењето на на случаи на ебола на домашен терен. Белата куќа кажа дека домашните предострожности мора да бидат водени од „најдобра медицинска наука“, а не од политички причини.

Вирусот уби близу 5.000 луѓе во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.

XS
SM
MD
LG