Линкови за пристапност

Нобеловата награда за мир ја добија активисти за права на децата


Поборниците за права на децата, Малала Јусафзаи од Пакистан и Каилаш Сатјарти од Индија ја добија годинешната Нобелова награда за мир.

Со само 17 години, Малала направи историја како најмлад нобелов лауреат, додека Сатјарти станува првиот Индиец по раѓање што е добитник на наградата за мир.

Погодена во главата од Талибан на нејзиниот училишен автобус во 2012-та, Малала го посвети животот на промовирање на правото на девојчињата на образование.

Сатјарти, минал повеќе од три децении во првите редови на движењето насочено кон ослободување на децата од робовска работа.

Многумина брзо реагираа честитајќи им на добитниците, меѓу кои и Државниот секретар на САД, Џон Кери. За Гласот на Америка тој кажа дека „двајцата претставуваат „неверојатно пригоден став за важноста на жените и децата“.

XS
SM
MD
LG