Линкови за пристапност

Доделена Нобеловата награда за физика


Двајца Јапонци и еден Американец ја добија наградата за пронаоѓање на светлина што штеди струја.

Двајца јапонски научници и еден Американец со јапонско потекло ја добија Нобеловата награда за физика за 2014-та, за пронаоѓање на сина светлина од еколошки диоди што емитуваат сина светлина, познати како ЛЕД.

Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуџи Накамура ја добиваат наградата за за нивната работа во 1990-те за креирање силна, бела светлина што штеди струја од полупроводници, успевајќи таму каде многу други научници претходно потфрлиле. Во соопштението од Стокхолм, Кралската академија на Шведска вели дека релативно новата технологија придонела за штедење на ресурсите на Земјата, и дава големо ветување за подобрување на квалитетот на живот за над 1,5 милијарди луѓе во светот на кои им недостига приод до електрична мрежа. Тројката ќе ја подели наградата од 1,1 милион долари.

XS
SM
MD
LG