Линкови за пристапност

Дванаесет загинати и покрај примирјето во источна Украина


Други 32 лица биле ранети; највисок број на жртви откако примирјето влезе во сила на 5-ти септември.

Најмалку 12 лица биле убиени во источна Украина каде борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти продолжуваат и покрај примирјето прогласено порано месецов.

Портпарол на армијата на Украина вели дека деветмина војници биле убиени кога нивното оклопно возило било нападнато во неделата додека владата во Донецк кажа дека најмалку тројца цивили биле убиени во градот под контрола на бунтовниците порано во денот.

Други 32 лица биле ранети; највисок број на жртви откако примирјето влезе во сила на 5-ти септември.

Најмалку 3.500 лица биле убиени од почетокот на борбите во април.

Во друг развој, жителите на источниот град Каркив уништиле еден од најпроминентните симболи на руската историја – статуата на иконата на Советскиот сојуз Владимир Ленин.

XS
SM
MD
LG