Линкови за пристапност

Порошенко во посета на Мариупол


Украинскиот претседател на Твитер објави дека градот е „украинска земја“ што нема да биде предадена никому.

Украинскиот претседател Петро Порошенко пристигна во југоисточниот пристанишен град Мариупол, фронтална линија на битката на неговата влада со проруските сепаратисти, среде извештаите за ерупција на нови борби по петочниот договор за прекин на огнот.

По пристигнувањето во понеделник, Порошенко на Твитер објави дека градот е „украинска земја“ што нема да биде предадена никому. Тој кажа дека одбраната на градот да биде засилена со повеќе лансирачи на рати, тенкови и воздухопловно покривање, објави новинската агенција Ројтерс.

За повремени борби се известува од Мариупол и други делови од источна Украина по најновото примирје што влезе во сила, при што секоја од страните ја обвинува другата за прекршување на договорот.

XS
SM
MD
LG