Линкови за пристапност

Колективната безбедност - тема на самитот на НАТО


На самитот во Велс на почетокот на септември членките ќе разговараат за колективната одбрана по спорот на Русија со Украина

Дваесет и осумте членки на НАТО се подготвуваат за самит во Велс на почетокот на септември. Главна тема на разговорите ќе биде разгледување на колективната безбедност по неодамнешните акции на Русија против Украина.

Едноставно кажано, за НАТО напад на една од 28-те членки е напад на сите.

Во неодамна објавен напис во угледниот Вол Стрит Џурнал, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вели алијансата „мора да остане подготвена, расположена и способна да одбрани околу една милијарда жители.“

Расмусен додаде дека водачите на НАТО мора да преземат чекори да ја направат алијансата „поподготвена, побрза и поприлагодлива да одговори на идните предизвици од каде и да доаѓаат.“

Доктрината за колективна одбрана на НАТО е во центарот на вниманието, во светлина на акциите на Русија против Украина - припојувањето на Кримскиот Полуостров и поддршката на руските сепаристи во источниот дел на земјата.

Адмиралот Џејмс Ставридис, поранешен врховен командат на НАТО, вели агресивното однесување на рускиот претседател Владимир Путин ќе се сврти против него.

„Стратегијата на претседателот Путин ќе биде стратешки неуспех. Тоа го засилува НАТО, прави алијансата да стане поединствена отколку пред настаните во Украина.“

Руското однесување исто предизвика страв кај некои држави, како балтичките, дека Моска може да се обиде да направи инвазија на држава во НАТО.

Шон Кеј, стрчњак за НАТО од Универзитетот Веслиан, во Охајо, ја оцени рамнотежата на силите:

„Во однос на одбраната на сојузниците на НАТО од Русија - НАТО сојузниците имаат убедлива воена предност, заради нивните заеднички способности“, рече тој. „Структурата на моќ особено е во раце на Западот. Прашањето е како ќе решат да го балансираат односот со Русија, имајќи го предвид нејзиното најново однесување.“

Ставридис се согласува. Вели, нема грижа дека Русија може да го нападне НАТО.

Но, за да се намали стравот на државите кои чувстуваат закана од руското однесување, Ставридис вели дека на самитот на НАТО, водачите мора да постигнат цврст договор.

„Треба да се зголеми бројот на авиони да патролираат на границите на алијансата.Треба да имаме поголеми и посилни поморски распоредувања на север на Балтичкото и на југ на Црното Море“, рече тој, додавајќи:

„Според мене треба да ги поддржиме украинските воени сили со опрема, вежби, кибернетска поддршка, и да им помогнеме во случај Русија да направи натамошни чекори на инвазија.“

Во иднина, Ставридис гледа зголемена тензија меѓу НАТО и Русија - но не враќање на времето од Студената војна.

„За време на Студената војна, шест милиони луѓе се соочија еден наспроти друг преку Фулда. Огромни морнарици патролираа во светот и бевме на раб на војна. Имавме нуклеарно оружје насочено, наполнето и подготвено, рече тој.

Поранешниот врховен командант на НАТО вели дека на претстојниот самит ќе биде се разговара и за улогата на алијансата во Авагнистан после повеќе од десет години ангажирање и како да ја распредели одбраната порамноправно меѓу членките.

XS
SM
MD
LG