Линкови за пристапност

Ердоган го менува односот спрема џихадистите


Односот на премиерот на Турција спрема џихадистички групи ги затегнаа односите со Запад, но сега во улога на претседател тој ја менува политиката.

Минатиот месец, Ердоган им порача на своите поддржувачи дека израелската офанзива во Појасот Газа ги прави незначителни свирепостите на Хитлер извршени за време на Втората светска војна.

И покрај осудата од Европа и од Вашингтон, Ердоган продолжи да ги повторува тие експлозивни забелешки и да добива голем аплауз од неговата конзервативна муслиманска база.

Турските сојузници стануваа се` позагрижени за ова, особено по минатогодишното брутално задушување на анти-владини протести во врска со плановите за изградба на Паркот Гези во близина на Плоштадот Таксим во Истанбул.

Но Синан Улген, аналитичар за Институтот Карнеги во Брисел, вели дека со преземањето на претседателската функција од страна на Ердоган, тој може да биде подготвен да го промени курсот:

„Тој ќе се обиде да го поправи својот меѓународен имиџ. Тој секако ќе има шанса да поврати дел од довербата изгубена изминатата година“.

Конфликтите во Ирак и Сирија, обележани со големите територијални придобивки на радикалната група Исламска држава, може да му дадат на новоизбраниот претседател Ердоган шанса да ги поправи релациите со своите западни сојузници.

Турција се граничи со Ирак и со Сирија, така што западните разузнавачки агенции на Турција се надеваат дека ќе ги држи на око џихадистите, особено кога ќе се вратат дома.

Но каде е лојалноста на Анкара кога се работи за радикални исламски групи како Исламска држава е далеку од јасно, вели експертот за меѓународни релации Соли Озел, од истанбулскиот Универзитет Кадир Хас.

„Имаме доволно приказни и докази дека Турција играла улога во подготовката на Исламската држава. Тие мислеа, повеќе групи што го напаѓаат режимот на Башар ал-Асад толку подобро. Слушаме од самите припадници на Исламска држава колку им е лесно да ја минуваат границата, но дека сега тоа станува потешко. Зашто, не само на зборови, туку и на дела сега, политиката се менува. Пред се` затоа што не може да одржува дијалог со западните сојузници, што на Турција и` треба.

Аналитичарите велат дека соработката меѓу Турција и западните разузнавачки агенции е поправена во врска со следењето на Исламската држава. Тие велат дека тоа може да е, делумно, заради загриженоста на Турција во врска со реперкусиите по поддржувањето на џихадистите.

Како додаток на очигледната промена на политиката е загриженоста за 49-те дипломати што Исламската држава ги земала како заложници кога го зазела ирачкиот град Мосул.

Минатиот месец многу турски тв-канали објавија видео од голем број членови на Исламската држава на собир во во непосредна близина на Истанбул. Таков настан испраѓа силна порака до новоизбраниот претседател Ердоган дека ако се придвижи против џихадистичката група , тој ќе ги сноси последиците од нејзината одмазда и судбината на турските заложници ќе е во прашање. Но, од друга страна, наградата може да биде повторна изградба на релациите со турските западни сојузници.

XS
SM
MD
LG